Мицкоски се сретна со Гир, му се пожалил за скандалите на власта

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнаа со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски на средбата со Гир разговараа за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ информираат од партијата.

– Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата. На средбата претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција. Претседателот Мицкоски укажа на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста