А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗНМ: Oсуда за непримерната комуникација кон новинари од страна на струшката општина

by А1он06/10/2023 - 10:45316
Share0

Во текот на вчерашниот ден (05.10) општина Струга на својата официјална facebook страница, објави соопштение каде што на недоличен начин преку сериозни обвинувања се обиде да ги дискредитира медиумите во Охрид.

Добивај вести на вибер

„За жал, мора да истакнеме дека најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и сеуште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општината Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи“ – пишува во дел од соопштението.

Постапките на општината, како јавна институција, се чини дека е обид за дискриминација на медиумите и замолчување на локалните новинари преку цензура. Дополнителен проблем е фактот што во соопштението се инсинуира дека медиумите се платени од страна на охридската општина. Потсетуваме дека службениците за својата работа одговараат пред граѓаните, така што секој обид за замолчување на новинарите внесува недоверба кон институцијата и влијае на нејзината транспарентност, бидејќи медиумите и новинарите се каналот за комуникација со јавноста.

Ако кој било кој граѓанин, јавна институција и слично, има некаков проблем со објава од кој било медиум, постојат законски механизми за заштита, како што е барање на исправка или демант. Освен ова на располагање се и медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).

Овој инцидент ќе биде нотиран во годишните извештаи за слобода на изразување како негативен пример за погрешна комуникација на јавни институции со новинари и медиуми.

znm

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 20:58

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Горан Наумовски26/06/2025 - 18:57

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски02/05/2025 - 12:2102/05/2025 - 13:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен