Србите шокирани од пораката на мечот во Атина: „Косово е Албанија“

Од:

АЕК го пречека Ајакс во Атина во натпреварот од второто коло од групата Б во Лига Европа и ремизираше со холандскиот гигант пред околу 30.000 навивачи. Натпреварот заврши 1-1 откако Стивен Бергвајн реализираше пенал за Ајакс во 30. минута, а конечниот резултат го постави Домагој Вида во 74. минута.

Поради транспарентите на трибините, случувањата од овој меч одекна и во Србија.

Како што пишуваат српските медиуми, навивачите на АЕК на ОПАП Арената истакнале транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“, што стана голема тема со српските медиуми по натпреварот.
„Б92“ наведува дека „навивачите непријатно ги изненадиле сите во Србија, која кога станува збор за вакви работи, најмногу добивала пораки за поддршка од Грција“.

Приврзаниците на АЕК не така одамна имаа парола што го кажуваше спротивното, па никому не му е јасно зошто и како се смени ставот на навивачите на клубот од Атина“, вели „Курир“ во текстот со наслов „Предавство! Грчки навивачи ги избодеа Србите во срцето: Браќа, не го очекувавме ова од вас! Слоганот што ги шокираше сите во Србија“.

„Телеграф“ пишува за „шокантен транспарент“ и „непријатно изненадување“ и додава: „За работите да бидат уште побизарни, пред само неколку месеци имаа сосема друга порака, а потоа напишаа погрдни за Албанија“.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски