Уапсен Милан Радоичиќ

Од:

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Милан Радоичиќ е уапсен денеска, а му е одреден притвор до 48 часа. Радоичиќ призна дека бил организатор на конфилктот во Бањска кога беа убиени четворица, тројца Срби и припадник на косовската полиција.

„На 03.10.2023 година, полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, на кого полицијата му одредила притвор до 48 часа“, соопшти МУП.

Оттаму додаваат дека со кривична пријава е донесен во Вишото јавно обвинителство во Белград, соопшти МУП.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Вучиќ: Нема да го екстрадираме Радоичиќ

Милан Радоичиќ пуштен на слобода

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски