Украина ќе гради прво подземно училиште во Харков

Од:

Украинскиот град Харков ќе го изгради првото целосно подземно училиште, со цел да ги заштити учениците од честите руски ракетни напади, најави градоначалникот Ихор Терехов.

„Таквото засолниште ќе им овозможи на илјадници деца во Харков безбедно да го продолжат своето образование лице в лице дури и за време на ракетни закани“, наведе Терехов на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.

Новото училиште, првата ваква зграда во земјата, ќе ги исполни „најсовремените регулаторни барања во однос на заштитните структури“, рече Терехов, без да даде детали за тоа колкаво би било училиштето или кога ќе се отвори.

Додека многу училишта во регионите на првата линија за време на конфликтот беа принудени да одржуваат настава преку Интернет, Харков, вториот по големина град во Украина, организираше околу 60 посебни училници во станиците на метрото пред почетокот на учебната година на први септември, создавајќи простор за учење за повеќе од илјада деца, пишува „Ројтерс“.

Пред февруари 2022 година и почетокот на руската агресија врз Украина, Харков имаше повеќе од 1,4 милиони жители. Делови од градот се наоѓаат на помалку од 35 километри од руската граница и тој е изложен на речиси секојдневни руски напади. Во војната, на која не ѝ се гледа крајот, илјадници цивили се убиени, а милиони се раселени, а според украинското министерство за образование, 363 образовни институции се уништени низ целата земја, додека речиси 3.800 се оштетени, наведува „Ројтерс“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ