По 70-дневното патување низ Велика Британија, олимпискиот факел денеска пристигна во Лондон, градот домаќин на Летните олимписки игри.
Олимпискиот оган ќе се пренесува низ сите 33 лондонски општини, пред да се внесе на Олимпискиот стадион на 27-ми јули.
Факелот пристигна во Велика Британија пред повеќе од два месеци од Грција, од каде со специјален авион го донесоа британската принцеза Ана, ќерка на кралицата Елизабета и претседател на Британскиот олимписки комитет, и познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам.
Досега имаше само еден инцидент во Северна Ирска, кога за кратко, патување на олимпискиот оган беше блокирано.