Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Од:

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

– Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28 септември, како што појаснуваат од Министерството за одбрана, Владата ги задолжила Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана.

– Постапката е веќе започната и е во тек, велат од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратеникот Исмаил положи цвеќе во чест на убиените бранители кај Љуботенски Бачила

Делегацијата од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ положија цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители кај месноста Љуботенски бачила

Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Горан Наумовски

Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“

Предраг Петровиќ

23 години од трагедијата кај Карпалак

Во Прилепската касарна почна одбележувањето на 23 години од Карпалак