Директорот на српската канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, на прес-конференција рече дека „косовската полиција се осветува на Србите и дека теророт на Аљбин Курти од ден на ден се зголемува“. Тој изјави дека нема соодветна реакција од Западот за тоа што се случува на Косово и оти, како што вели, тамошната влада може да направи се што прави поради тоа.
„Затоа на ЕУЛЕКС беше одбиен да учествува во истрагата со косовската полиција и да работи на терен по трагичните настани во Бањска. Ако некој мисли дека некој по некое време ќе ни го избрише прашањето – грешат“, рече Петковиќ.
Тој додаде дека во редовите на косовската полиција имало платени убијци.
„Тие сакаат да прикријат дека Србите се убиени неселективно. Тие не сакаат да се утврди дека во редовите на косовската полиција имало платени убијци кои дошле од различни терористички кампови со цел да ги убијат сите Срби. Затоа не дозволуваат ЕУЛЕКС да се вклучи во истрагата. До денеска не добивме одговор од ЕУЛЕКС“, рече Петковиќ
Тој рече дека „заштитениот сведок“ раскажал како бил егзекутиран Бојан Мијаиловиќ, а потоа покажа фотографија од неговото тело.
„Ве предупредувам дека фотографијата содржи чувствителна содржина, но добивме согласност од семејството на Бојан да ја објавиме оваа фотографија. Она што ни го кажаа нашите патолози, бидејќи ЕУЛЕКС и косовската полиција им забранија на нашите експерти да присуствуваат на обдукцијата, е дека од влезната рана се гледа дека тој бил убиен додека лежел на грб. Десната нога му е во неправилна положба, што јасно покажува дека прво бил ранет, дека паднал и дека после тоа е извршена егзекуцијата“, наведува Петковиќ.