МВР откри: Маж и жена убија познаник, па му го запалија телото

Од:

МВР поднесена кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа „убиство” и „тешки дела против општата сигурност”, како и против И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност”.

„На 22.9.2023 во временскиот период од 6.40 часот до 9.30 часот, по пријавен пожар во стан на улицата „Исаија Мажовски” во Скопје, И.Ј.(35) од Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет, а од страна на полициски службеници беше констатирано дека пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното кривично дело. Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на идентитетот на сторителите на наведените кривични дела и на 29.9.2023 е извршен претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и за него е распишан налог за потрага, а уапсена е И.Ц.. Од страна на судија на претходна постапка на второпријавената И.Ц. ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен