Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во Егејското Море во близина на островот Калимнос во Грција.
Според Геодинамичкиот институт, земјотресот е регистриран на девет километри источно од островот, пренесува Прототема.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри.