Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ објави правилник за надворешниот излед на учениците и плакати со тоа што треба, а што не треба да носат се поставени низ ходниците на средното училиште.
Според правилникот, учениците не смеат да доаѓаат на училиште во хеланки, шорцеви, кратки панталони и маичци, маици на прерамки, искинати фармерки и панталони, тренерки и кратни здолништа.
„Правилата за надворешниот изглед на учениците во гимназијата, добија визуелен формат. Со плакат, поставен на влезната врата и низ ходниците на училиштето, учениците се потсетуваат дека треба да се придржуваат до правилата од Кодексот за однесување и надворешен изглед“, стои на вебсајтот на гимназијата.
Училиштето има и свој Кодекс за облекување на учениците:
– Секој ученик треба да е пристојно облечен на часот (независно дали е со физичко присуство или учење од далечина); Учениците се должни на часот (независно дали е со физичко присуство или учење од далечина), да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед –маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина.
– Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава независно (дали е со физичко присуство или учење од далечина).
– Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги.
– Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, без разлика дали е со физичко присуство или учење од далечина, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, репче и брада)“, стои во Кодексот.