Дафина Стојановска: Не му е ова првпат, Маричиќ заборава дека не е во филм за возрасни

Од:

„Денес, и не за прв пат, вице-премиерот за европски прашања, позади микрофон и позади камери, недолично довикуваше и се однесуваше кон пратеничка“, изјави пред медиумите пратеничката Дафина Стојановска и заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вицепремиерот Маричиќ, денес најпрво дофрлаше за да деконцентрира, како и многупати досега, а потоа прејде на безобразно и лигаво гестикулирање, заборавајќи дека е во Собрание, а не во полноќен филм за возрасни. Јас, додека имав процедурална забелешка на политичкиот маркетинг на министерката за труд и социјална политика, наместо соодветен одговор на поставено прашање за протестите на пензионерите, просведочив како овојвице премиер, кој лажно се претставува како европски лик, почна да ми изигрува недоличен шармер и одвратен “мачо-мен”.
Се извинувам на медиумите на моиве квалификации, но верувајте дека она што Маричиќ го правеше спроти мене, беше многу многу грда слика и сексистичка провокација за секаква осуда – потенцира Стојановска.

Вицепремиерот Маричиќ, според неа, го прекрши владиниот кодекс и наместо највисоки стандарди на однесување и почитување на личноста и угледот на секој поединец тој се однесувал како неизживеан предатор, како невоспитан маж, правејќи гадни гестови со неговите усни, навредливи за секоја жена, особено на јавна сцена.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија”, бара остра осуда за ваквиот однос на маж кон жена, на министер и министерка кон пратеници и пратенички.

„Бараме осуда и на немоќта на одговорните за работата на Собранието да стават крај на ваквото нецивилизирано однесување на извршната власт кон законодавната. Во оваа држава паднати се сите норми и критериуми, но ова денес е допир со најдлабокото дно на срамот, некултурата и непочитта. За крај, и Владата и Собранието имаат Кодекси за однесување, но тие се само за на хартија и само за пред странци. Реалноста е дека тие не важат за власта но и исто така дека оваа држава е водена од луѓе кои што пред се немаат никаква култура ниту почит кон било кого“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Стојаноска: Неправдата на уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција