Во магацин во близина на аеродромот во Ташкент синоќа избувнал пожар по силна експлозија, но пожарот бил локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации на Узбекистан.
People are running out of their houses, it’s very scary that near them the customs warehouse in Tashkent is on fire. #Tashkent #SARCOP #Uzbekistan #Özbekistan pic.twitter.com/6Z7F9rkVRI
— ET magazin (@TcAga261935) September 28, 2023
Според извештаите на локалните медиуми, 16 противпожарни и спасувачки екипи интервенирале поради пожар во еден од магацините лоцирани во градскиот кварт Сергели, во близина на аеродромот.
Поради силната експлозија, скршени се прозорци во блиските станбени блокови, а на неколку лица им е укажана помош со полесни повреди, соопшти узбекистанското Министерство за здравство.