Командантот на руската Црноморска флота се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен

Од:

Командантот на руската Црноморска флота Виктор Соколов се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен во украинскиот напад на Севастопол, на видео од состанокот одржан во руското Министерство за одбрана.

На видеото и фотографиите кои ги објави руското Министерство за одбрана може да се види дека Соколов присуствува на седницата со која претседава ресорниот министер Сергеј Шојгу, пренесува Ројтерс.

Снимката беше прикажана на руската државна телевизија.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, вчера на својот профил на платформата Х објави дека Соколов бил убиен во минатонеделниот украински напад врз Севастопол, заедно со уште 34 руски офицери.

Соколов има чин адмирал и доколку се потврди веста за неговата смрт, тој ќе биде највисокиот руски офицер убиен од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Тој е командант на Црноморската флота од август 2022 година, а чинот адмирал го доби во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин