Филипинската армија почна акција против муслимански сепаратистички бунтовници

Од:

Филипинската армија почна денеска воздушни напади врз муслимански сепаратистички бунтовници кои во изминатата недела ja загрозуваат Замбоанга, град на југ во Филипини.

– Во моментот се извршуваат напади од страна на военото воздухопловство, соопштија властите на Замбоанга, пристаништен град со околу милион жители до кој стигнаа бунтовниците пред една недела за да прогласат независност на тоа подрачје.

Армијата наведува дека стотина бунтовници од Исламскиот фронт за ослободување Моро се се уште покрај Замбоанга.

Околу 200 борци на фракција на ИФОМ упаднаа во Замбоанга пред недела дена и киднапираа десетици луѓе кои им служат као жив штит. Арммијата мобилилзира 3.000 воиници и уби досега 51 бунтовник. Загинаа и шест војници и еден полциаец и четири цивили. Околу 70.000 жители на Замбоанга го напуштија градот. ИФОМ предводен од Мур Мисуари поранешен универзитетски професор, сметаат дека се маргинализирани во преговорите со владата и сепаратистичките групи за основање автономен регион на југ во Филипини.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод