Во вооружен судир со косовската полиција загинаа четири лица од српска националност, од кои еден е идентификуван како Игор Миленковиќ.
Во вооружената пресметка четворица Срби, меѓу кои и Игор Миленковиќ, беа убиени од косовската полиција во Бањска. Игор Миленковиќ (50) работел како возач на брза помош во Клиничко-болничкиот центар на Косовска Митровица.
Престрелката со косовската полиција се случи откако беше убиен полицаецот Африм Буњак. Двајца од Србите биле убиени од косовската полиција со снајпер. Косовската полиција пронајде поголемо количество оружје, а за дел од групата посочи дека пребегнала во Нови Пазар.