Во нападот на украинските беспилотни летала врз Централниот округ во Курск, оштетени се неколку домаќинства и покривите на административна зграда, но нема повредени, изјави денеска гувернерот Роман Старовојт.
Старовојт додаде дека уште еден дрон паднал во областа Курск и дека како резултат на тоа било скршено стакло од приватна куќа.
Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, соопшти дека ноќеска над областа Сурај биле соборени два украински беспилотни летала и дека нема жртви или материјална штета.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана уништиле два украински беспилотни летала над регионот Курск и уште два над регионот Брјанск.
Претходно Министерството соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири украински беспилотни летала над Црното Море и Крим.