На Надал му е забранет настапот во Париз

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, според сегашните правила, нема да може да настапи на Олимписките игри во Париз.

Правилата на Светската тениска федерација (ИТФ) се јасни и велат дека тенисерот мора да игра за репрезентацијата на Дејвис купот најмалку еднаш во текот на две години пред Игрите.

Шпанецот не го направи тоа, ниту ќе има шанса до крајот на сезоната, како поради повредата, така и поради тоа што Шпанија испадна од натпреварувањето.

Меѓутоа, ако погледнеме во минатото, ќе видиме дека имало исклучоци. Последен пат беше случајот со Роџер Федерер.

Роџер не играше за Швајцарија пред Токио, но со помош на Тениската асоцијација на неговата земја доби дозвола за настап. Сепак, тој не го направи тоа – поради повреда.

За потенцијалниот проблем на Надал зборуваше и Фон Арнем, претседателот на ТС Германија.

„Зошто отежнуваме? Рафа размислува да игра во Париз. Олеснете му да играат таму. Нашите одлуки мора да бидат разумни. Мора да ги промениме правилата. Ако бидам избран (како претседател на ИТФ), јас дефинитивно би го направил тоа. Треба да им олесниме на играчите и да ги отстраниме пречките“, изјави Фон Арнем.

Надал го има златото од Игрите во Пекинг во 2008 година во сингл, како и најбрилијантниот медал во пар со Марко Лопез во Рио во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз

Надал остана без трофеј во Шведска