Русите предупредуваат: НАТО се подготвува за војна со нас

Од:

Министерството за надворешни работи на Русија денеска објави информација дека воените вежби на НАТО, кои се планирани за следната година, се подготовка за војна со Русија.

Воените вежби на Алијансата ќе ја дестабилизираат ситуацијата во Европа, а НАТО знае за тоа, вели Москва.

Според зборовите на заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко, воените вежби на НАТО, кои ќе се одржат во 2024 година, ќе бидат од „агресивен карактер“ и ќе претставуваат „провокација, демонстрација на моќ и обид за воено-политички притисок“.

„Сценариото (на вежбите) е формулирано така што нема сомнеж дека тоа е дел од подготовките за воен конфликт со Руската Федерација“, додава тој.

Споменатите воени вежби ќе бидат најголемите вежби на Северноатлантската алијанса по Студената војна. Планирано е да се одржи во Германија, Полска и балтичките земји.

Нивната цел, како што е официјално објавено, ќе биде да создадат сценарио за одговор на потенцијален руски напад.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година