Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Од:

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд, соопшти Новозеландскиот сеизмички институт – Геонет.

Според првите информации нема повредени, а не е причинета значителна штета. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри. Земјотресот бил почувствуван и на Северниот остров, објави Ројтерс.

Земјотресот, кој беше најсилен во Нов Зеланд од почетокот на годината, дојде недалеку од местото на земјотресот со јачина од 6,3 степени во 2011 година, во кој загинаа 185 луѓе, а градот Крајстчерч на Јужниот остров беше со голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле