Олена Зеленска бара враќање на 19.000 „киднапирани“ деца

Од:

Првата дама на Украина ги повика светските лидери да помогнат да се вратат украинските деца кои, како што тврди таа, биле насилно однесени во Русија, каде што рече дека биле индоктринирани и лишени од нивниот национален идентитет, пренесува АФП.

Говорејќи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Олена Зеленска рече дека повеќе од 19.000 украински деца биле насилно префрлени или депортирани во Русија или на окупираните територии.

– Во Русија им кажаа дека не им се потребни на нивните родители, дека не и се потребни на нивната земја, дека никој не ги чека, дека тоа се руски деца, рече Зеленска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната