(ВИДЕО) Дете почина во градинка во Њујорк: Под душекот е пронајдена дрога

Од:

Еден килограм фентанил е пронајден под душек во приватна градинка во Њујорк, каде едно дете почина, а три се пренесени во болница. Едногодишниот Николас Доминичи бил во јасли само една недела, а починал во петокот поради сомневање за предозирање со дрога.

Уште три деца биле примени во болница откако биле изложени на моќниот наркотик. Властите обвинија две лица за поседување и намера за трговија со дрога и убиство.

Полицијата смета дека деца на возраст од осум месеци до две години вдишувале фентанил во детската соба. На децата кои завршиле во болница им бил даден лекот Наркан кој се користи во случај на предозирање со опиоиди.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски