За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

Од:

Само во текот на август, во Институтот за јавно здравје, пријавени се осум случаи на ХИВ/СИДА, од кои три лица се странски државјани со привремен престој во Македонија. Од пријавените лица, шест се од машки, а две од женски пол.

-Четири лица се од Скопје (вклучително и странските државјани), две лица од Охрид и по едно лице од Гостивар и Струга. Лицата се на возраст од 21-55 години. Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две заболени лица се припадници на МСМ популацијата (маж со маж), пишува во месечниот извештај.

Во текот на месец август не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.08.2023),  број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 620, и тоа:

123 лица починале,

497 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Би можело да ве интересира

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ