Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Од:

Сведочења и ниту збор за измените во Кривичниот законик, вака тече денешното рочиште за предметот „Титаник“, во кој меѓу обвинетите се експремиерот Никола Груевски и поранешниот владин генерален секретар, Кирил Божиновски.

Адвокатите чекаат тоа да го стори обвинителството, додека пак обвинителката Лиле Стефанова тоа нема да го стори сега, туку ќе каже во завршните зборови, за судот само да констатира дека едно од делата е застарено за обвинетите.

Делото кое застарува, „злосторничко здружување“, за кое максималната казна затвор од десет години, со измените е намалена на до максимум три години затвор, со што ова дело застарува за Груевски и Божиновски.

За ова дело по старите казни осудени се инистри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и на поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер. За 14-мина обвинети пак, делото застаре во 2020 година, бидејќи беа ставени во групата припрадници на злосторничкото здружување.

Но, на обвинетите се уште им се суди за делата „повреда на избирачкото право“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „поткуп при избори и гласање“, „уништување изборен материјал“ и „злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања“.

Би можело да ве интересира

Отфрлен важен случај против Трамп

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

Утре почнува судењето на родителите на Коста кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“

А1он