Фудбалерите на Лас Палмас денеска ќе гостуваат во Севиља во 5. коло од шпанското првенство, а увертира на овој меч беше филмски настан – авионот за Севиља полета без 15 фудбалери на Лас Палмас.
Имено, 15 фудбалери решиле да го поминат времето пред да се качат во авионот во кафуле на аеродромот, но потоа се изгубиле и задоцниле на летот.
Заминувањето во Севиља без повеќе од половина од расположливите играчи ги вознемири челниците на клубот, кои брзо организираа чартер лет за останатите играчи да пристигнат во Андалузија.
Средбата на стадионот Рамон Санчез Пишуан е закажана за 18.30 часот. По три одиграни натпревари Севиља допрва треба да освои бод, додека новајлијата во елитата оствари две ремија и по два порази.