Пожарот го зафатил покривот на Големата чаршија (Капали чаршија) во Истанбул, еден од најголемите и најстарите пазари во светот популарен меѓу туристите, јавуваат локалните медиуми. Пожарот наводно од непозната причина избувнал синоќа околу 23 часот по локално време на покривот на пазарот во областа Султан ахмет во центарот на градот.
Бројни пожарникари кои пристигнаа на местото на настанот успеаја да го стават пожарот под контрола, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.
Капали чаршија во Истанбул работи од 15 век. Пазарот или чаршијата има вкупна површина од 30.700 метри квадратни и дневно го посетуваат околу 400.000 луѓе.