Авион со 14 лица се урна во бразилскиот Амазон, нема преживеани

Од:

Четиринаесет лица загинаа во авионска несреќа во Барселос, туристички град во бразилскиот Амазон, објави гувернерот на државата Амазонас, Вилсон Лима. Во несреќата загинаа 12 патници и двајца членови на екипажот.

Нема преживеани, јавуваат бразилските медиуми.

Според медиумите, станува збор за авион Embraer EMB-110 кој полетал од Манаус, главниот град на државата Амазонас, до Барселос.

Летот е долг 90 минути. Патниците биле Бразилци кои патувале во регионот поради спортски риболов. Засега не се познати причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна авион во близина на автопат во САД, нема преживеани