Десетици илјади луѓе во регионот на Нова Англија во САД и во источна Канада останаа без струја откако ураганот Ли донесе обилни врнежи од дожд и ветер кој корнеше дрвја.
Невремето се движи кон североисточниот дел на северноамериканскиот континент, а може да ги погоди канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска.
Во Мејн, државата со најмногу површини покриени со шуми во САД, почвата е натопена, а дрвјата се многу ослабени и поради невремето и поради обилните летни дождови, а како што најавуваат метеоролозите, најсилните удари на невремето допрва треба да се очекуваат.
„Ни претстои долг пат, а веќе гледаме соборени дрвја и прекин на електричната енергија“, изјави метеорологот Тод Фоази, пренесе АП.
Во Масачусетс беше прогласена вонредна состојба и беше испратена федерална помош во таа американска држава.
Во сила е предупредување за наплив на бура од границата на Њу Хемпшир и Мејн до Нова Шкотска, Канада.
На најголемиот аеродром во Нова Шкотска, Халифакс Стенфилд, немало ниту влезни ниту појдовни летови.