Експлодираше машина за производство на ракетно гориво

Од:

Утрово околу шест часот во комплексот на компанијата „ЕДеПро“, во Лештани (Србија), се случи експлозија на работната машина за производство на ракетно гориво.

Според првичните информации, во експлозијата нема повредени или жртви, соопшти полицијата.

Сите служби за итна помош се на терен и ќе следи понатамошна работа.

Полицијата превентивно ги затвори сите приоди кон фабриката.

Станува збор за фабрика во која пред две години исто така се случи експлозија во која загинаа тројца фабрички работници, а 16 беа повредени.

Фабриката „ЕДеПро“ произведува ракети за противградобијна заштита, а во 2021 година дојде до експлозија во магацин со површина од 240 метри квадратни во кој биле складирани 500 ракети со 30 килограми ракетно гориво.

Тогаш, во експлозијата во фабриката на лице место загинаа двајца работници. Подоцна во болница почина и третиот повреден работник.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени