Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

Од:

Пијан педофил завчера нападнал три и пол годишно детенце додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.

Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен.

Случајот за А1он го потврдија и од МВР.

„  На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР

Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните и гаќичките, но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски