Мицкоски: Власта со измените на Кривичниот законик се спрема за опозиција

Од:

При денешната посета на општина Бутел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски вчера изјави дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на дела кои не се сериозни истакна дека власта на тој начин се спрема за опозиција и се обидува да си обезбеди покомотна состојба, но набрзо од денес секој оној политичар кој што направил криминал ќе одговара.

„Ковачевски многу работи зборува изминатиот период, често пати велам дека сепак поради институцијата која што ја претставува треба да се коментира, инаку индивидуално не знам дали воопшто заслужуваат тие негови позиции коментар но еве јавноста нека оцени, ако не е тешко дело перење на пари, уцена итн., има неколку дела кои се директно афектирани од страна на овие измени во Кривичниот законик, ако не се тешки дела тогаш навистина не знам што се тешки дела. Јасно е дека тој и пратениците на СДСМ заедно со ДУИ и пратениците од ДУИ и останатите се спремаат за опозиција и на ваков начин сакаат да си обезбедат покомотна положба. Но мојата порака изминатите денови е иста, константна, а тоа е дека набрзо од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ и покрај овие измени кои што на начин на кој што ги направија со злоупотреба на европското знаменце ќе бидат ефективни, има уште десетици други членови кои што се дел и од кривичниот законик и од други закони по кои што секој оној криминален политичар, кој што сторил криминал ќе одговара. Така што мислам дека залудни им се овие обиде да направат нешто кое што мислат дека ќе им помогне но нема да им помогне“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Потребни се законски измени за правосудниот испит да може да се полага на албански, вели премиерот

Мицкоски: Спорен правилник отворил врата за канабис надвор од стандардите

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Очекувам деновиве МВР да излезе со десетици тони запленети недозволени средства

А1он

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата