Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Од:

Во јули годинава се издадени 280 одобренија за градење, што е за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 73, по што следуваат Источниот, 44, Полошкиот 41, Вардарскиот 34, Пелагонискиот, 30, … Североисточниот регион е со најмал број на одобренија за градење и таму се издадени девет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење во јули годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 4.147.120.000 денари, што е за 33,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 (47,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 89 (31,8 проценти) од нискоградба и 57 (20,4 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 280 објекти, на 139 (49.6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 141 (50.4 проценти) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25 615 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

A1on

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

A1on

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

A1on