Сложувалка со изгледот на Охрид ќе им се нуди на туристите во двете Сувенирници кои беа отворени во Охрид. Ќе се продаваат и охридски бисери, копии од артефакти од сите археолошки локалитети во Македонија, споменици и објекти од „Скопје 2014“, како и копии од фрески и живописи.
„Според програмата во Охрид треба да бидат поставени вкупно три сувенирници. Третата е во фаза на добивање на дозвола за нејзино поставување.
– Едната сувенирница е кај стариот чинар, а другата ево центарот на Охрид кај градското пристаниште и мислам дека овие сувенирници ќе имаат огромна важност за сите посетители кои доѓаат во Охрид, за да си купат сувенир кои го отсликува нашето богато културно наследство и се она што го поседуваме како држава. Овие монтажни објекти се изработени по примерот на сите светски метрополи“, рече министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска.
„Сметам дека со добивањето на овие сувенирници внесуваме еден нов дух во промоција на Охрид, но и на културните, историските и традиционалните и духовните вредности на Охрид и Македонија“, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Мики Трајковски