(ВИДЕО) Украина објави видео: Нашиот дрон од 500 долари уништи тенк вреден милиони

Од:

Видео објавено од украинското Министерство за одбрана покажува три украински беспилотни летала вредни 500 долари како „ловат“ руски тенк Т-90 вреден 4,5 милиони долари пред да го разнесат, пишува Business Insider.

Украинското Министерство за одбрана, кое ја сподели снимката на Х, порано познат како Твитер, соопшти дека операцијата ја извршила Третата јуришна бригада во источниот град Бахмут. Во нападот учествувале три беспилотни летала на кои им бил прикачен експлозив, соопшти Министерството.

Станува збор за беспилотни летала, од кои секој чини околу 500 долари, соопшти Министерството.

На едноминутното видео се гледаат двајца украински војници како седат во соба и управуваат со беспилотни летала од далеку.

„Момци, тенкот работи. Тенкот работи“, вели еден од мажите на видеото пред третиот дрон да удри во тенкот и целосно да го уништи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната