Новак Ѓоковиќ ја освои четвртата титула на УС Опен, а многу љубители на овој спорт не престануваат да го коментираат триумфот на српскиот тенисер, но и сопругата на рускиот тенисер Медведев.
За време на натпреварот помеѓу Новак и Данил, Дарија Медведев беше предмет на внимание на светските медиуми. Дарија не беше расположена за време на натпреварот, а Медведев во својот говор по финалето напомена дека вчера им била годишнина и дека сакал да ја израдува сопругата со победа, но тоа сценарио не се оствари.
I love Daria Medvedeva. Leggins, hoodie, efortless, comfy. Not a single heck given about elegancy, girl knows this will take a while of sitting 🙃#USOpen #DanilMiedwiediew #USOpenFinal #Tennis pic.twitter.com/NjfoHPm2Aj
— Agata Tkaczyk (@agata_gy) September 10, 2023
Исто така, на социјалните мрежи се појавија многу коментари во врска со сопругата на рускиот тенисер, а на Твитер најмногу го коментираат нејзиниот начин на облекување – а повеќето од нив се позитивни.
Меѓутоа, која е всушност Дарија Медведев?
Дарија играше тенис, а потоа се посвети на актерството и манекенството. Таа е позната и како инфлуенсер. Дарија е шест години постара од сопругот и е голема поддршка за Данил во животот.
„Таа е една од најважните членови на мојот тим, благодарение на неа станав многу посамоуверен, секогаш велам дека моментот кога ја запросив беше моментот кога сè стана подобро за мене“, изјави еднаш тенисерот.