Руски системи за противвоздушна одбрана утринава уништија два украински беспилотни летала над регионот Белгород во Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Шефот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на Телеграм напиша дека нема повредени.
Гладков изјави дека на патот во Јаковљевско паднале остатоци од дронови, објави Ројтерс.