Зеленски: Украинските војници напредуваат на јужниот фронт

Од:

Володимир Зеленски рече дека украинските војници кои учествуваат во контраофанзивата против руските сили постигнале напредок на јужниот фронт во текот на неделата.

Тој исто така рече дека има одредени случувања во близина на источниот град Бахмут.

„Во изминатите седум дена постигнавме напредок во областа Таврије. Има напредок и во областа Бахмут“, рече Зеленски за време на видео-обраќањето на неговиот Телеграм профил.

Генералштабот на украинската армија објави дека украинските сили напредуваат во различни делови на регионот Доњецк, во близина на градот Авдијевка на фронтот, како и недалеку од Клишчиивка, село во близина на Бахмут, кое се смета за клучно за повторно заземање на тој град.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната