Кога започна да се прикажува во кината 2003-та година, анимираниот филм „Finding Nemo“ многу брзо ги освои срцата на публиката ширум светот.
Иако заработи повеќе од 550 милиони долари за продолжение на филмот, не се зборуваше се досега.
Режисерот Andrew Stanton почна да работи на вториот дел на филмот и веќе има направено концепт. Тој досега има добиено два Оскари, за анимираните филмови „Finding Nemo“ и „Wall-E“.
Гласовите во филмот, меѓу останатите, ќе ги позајмат Albert Brooks, Ellen DeGeneres и Willem Dafoe.
Филмот се очекува да биде готов 2016-та година.