ВИДЕО: Протест во Тетово, се бара ново обвинение за пожарот во модуларната болница

Од:

Роднините на жртвите од пожарот во модуларната ковид болница во Тетово на протест бараат ново обвинение за случајот, бидејќи според нив, мора да има правда за загубените 14 животи и десетиците повредени, од кои најголемиот дел лица кои се лекуваа во болницата.

Ова е втор протест за неполн месец на кој роднините на жртвите и граѓаните бараат целосно ново обвинение. Првиот се одржа на 16 август, а на него побараа да се најдат на обвинителна клупа поранешниот министер за здравство Венко Филипче, државниот обвинител Љубомир Јовески и сопственикот на компанијата „БРАКО“, Кочо Анѓушев.

Од Јавното обвинителство пак, велат дека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води предистражна постапка во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, кое и по две години од пожарот, се уште е без исход.

Во првиот предмет, условни казни за пожарот добија поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, додека докторот Бобан Вучевски кој беше обвинет за „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“ е ослободен од обвинение. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница пак, беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“.

Би можело да ве интересира

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Сообраќајка на три возила кај Групчин: Еден потешко и двајца полесно повредени

Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври

ВИДЕО: Запалени фотографии на протестот пред Влада и порака дека законските измени нема да аболицираат никого

(ВИДЕО) Студенти на протестот пред Влада: Правото стана алатка на богатите

(ВИДЕО) Мајка се расплака на протестот пред влада: Што ќе правам ако си го изгубам детето

Александар Тодески