Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Од:

Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3 во финалето на Европското првенство што се одржува во Ерусалим ќе игра против Литванија. Претходно денеска Србија ја победи Летонија со 21:18, додека Литванија беше подобра од Франција со 21:18. Финалето е закажано за вечерва од 19.55 часот.

Србија е четирикратен последователен шампион на Европа, а на ЕП во Ерусалим настапува во составот на Страхиња Стојачиќ, Стефан Којиќ, Марко Бранковиќ и Немања Бараќ. Србија досега има освоено пет медали на ЕП, четири златни и еден сребрен.

Литванија има три медали на ЕП, од кои еден сребрен и два бронзени медали. Србија и Литванија играа во финалето на ЕП 2021 во Париз, а „орлите“ победија со резултат 20:14. ЕП во Ерусалим е осмо во историјата на првенството, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ