Левица: Зошто две години му се суди на поранешниот директор на онкологија Нино Васев?

Од:

Вчера продолжи судење против поранешниот директор на Клиниката за онкологија – Нино Васев, против кој е поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година. Истиот со месеци одбивал да му пружа нега и терапија на пациентот и со тоа го прекршил Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на правата на пациентите, со што подлежи на кривична одговорност.

Предметот е оформен во 2021 година, но сѐ уште нема судска разрешница. Покрај Васев, обвининението се води против уште двајца доктори кои и денес работат на Клиниката. Левица прашува зошто за овој случај нема судска разрешница, додека лекарите сѐ уште се на работните позиции на Клиниката за Онкологија?

Во конкретниот случај, на семејството му било укажано да го купат самите лекот од Бугарија. Ова е пример кој се провлекува низ македонското здравство со години, а и до Левица пристигнаа бројни сведоштва од пациенти на кои им било посочено самите да бараат цитостатици од Косово или Бугарија. Со тоа, за време на администрацијата на д-р Нино Васев со онколошката клиника, иако долгот достигнал фрапантни 20 милиони евра (од кои најголем дел за купување на цитостатици), не е јасно зошто пациентите инаку бесплатната цитостатска терапија морале да ја набавуваат самите!

КАТО системот кој бил набавен за контрола на терапијата на пациентите, бил изваден од употреба во моментот кога СДС преку д-р Нино Васев ја презема контролата на онколошката клиника. Спинувањето на власта дека после 20 години за прв пат се открива криминалот на болницата е манипулативно, затоа што сериозните проблеми со крадење на лекови започнуваат во 2017 година, со преземањето на администрацијата од СДС.

Дополнително, катастрофалните политики на режимот на СДС и ДУИ се потврдуваат и со тоа што четири апарати кои се набавени за радиотерапија, стојат во подрум и истите не се ставени во употреба! Јасно е дека криминалот на Клиниката за онкологија, во кој директна жртва се пациентите, има име и презиме.

И тие се највисоките еншалони на оваа власт, почнувајќи од омилениот министер на Заев, Венко Филипче и неговиот директор Нино Васев. Без висока политичка инволвираност, ваков енормен скандал на организиран криминал не можел да се реализира!

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Вештакот од Србија за „Онкологија“: Сегашните стандарди во онкологијата бараат редовно следење на пациентите

А1он

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“