Тажна вест во Зоолошката градина: Почина сибирската тигрица Надја

Од:

Зоолошката градина Скопје соопшти дека во текот на вчерашниот ден во длабока старост мирно ги напуштила сибирската тигрица Надја.

Надја била една од најстарите тигри во Европа, која во скопската Зоолошка градина пристигнала од Будимпешта во 2010 година, кога имала осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди.

– Надја во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени. Сибирската тигрица Надја е родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше цели 13 години.

Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини. Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години.

Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија се да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа, стои во соопштението на ЗОО Скопје објабено на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Директорот на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување и масакрираше здрави, украсни птици

А1он

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

Вработен во ЗОО алармира: Насетувам повторување на исто дело, замолувам за директор кој нема да не тера да чистиме човечки измет

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Разрешениот директор на ЗОО: Не сум никаков убиец, ова било правено и во минатото

Кристијан Ландов

Кривична пријава против директорот и уште пет вработени лица за случајот во Зоолошката градина Скопје

Ана Ололовска