ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицаец уби бремена жена во САД која сакаше да и побегне на полицијата со автомобил

Од:

Полициското одделение на Блендон Тауншип во американската сојузна држава Охајо ги објави снимките од камерите кои се наоѓаат на полициската униформа и на кои се гледа како полицаец пукал и убил трудница обвинета за кражба.

Та’Кија Јанг (21) беше бремена во седмиот месец кога беше убиена во пукотницата на 24 август, соопшти нејзиното семејство. Полицајците биле на паркингот Крогер и му помагале на возачот кој бил заклучен во својот автомобил кога вработен во продавницата им рекол дека жена украла шишиња со алкохол и потрчала кон автомобилот.

На видеото се гледа како Јанг одбива да го напушти возилото и покрај постојаните наредби од полицијата. Потоа, полицаец и кажал на 21-годишната девојка дека е обвинета за кражба, што таа го негираше, пренесува ABC News.

Полицаецот потоа почнал да удира по прозорецот од автомобилот, а Јанг го прашала: „Ќе пукаш ли во мене?“. Полицаецот потоа и вперил пиштол и ѝ викал да излезе од возилото. Жената го стартувала автомобилот, туркајќи го полицаецот пред автомобилот, кој потоа испукал еден куршум низ шофершајбната.

Кога возилото запрело, полицајците го скршиле стаклото на возачката страна за да можат да го отворат автомобилот и да и пружат прва помош на Јанг. Тие потоа се јавија на 911, рече началникот на полицијата Џон Белтон. Како последица од пукањето, младата жена починала во болница, како и нејзиното неродено бебе.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија