А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗНМ: Да се расчисти инцидентот во Град Скопје со новинарот Арсов од ТВ Сител

by А1он01/09/2023 - 16:42561
Share0

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира во однос на вчерашниот инцидент по седницата од која известувал новинарот Мартин Арсов од ТВ Сител и бара од администрацијата на Градот да го расчисти случајот до крај за да нема шпекулации во јавноста, но и ризик од слични инциденти во иднина.

Добивај вести на вибер

Според изјавата на Арсов, тој откако завршил со вклучувањето во живо во вестите на ТВ Сител, бил навредуван и физички нападнат од страна на лицето задолжено за односи со јавност во Град Скопје, Кристина Депо, за што тој објави: „Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот“.

До ЗНМ денеска пристигна демант од Град Скопје со изјава од портпаролката Депо во која се отфрлаат тврдењата на Арсов во врска со инцидентот.

-Во конкретниот случај за настанот кој се случи на 31.08.2023 година околу 16:22 часот во Советот на Град Скопје новинарот Мартин Арсов буквално изнесе лаги во средствата за јавно информирање клеветејќи ме мене, Кристина Депо дека бил физички нападнат. Јас и Градот категорично ги отфрламе изнесените лаги од страна на новинарот Мартин Арсов, вели портпаролката во нејзината изјава.

ЗНМ укажува дека службениците одговорни за односи со јавноста на градската администрација треба да одржуваат коректен пристап во комуникацијата со новинарите со цел градење меѓусебна доверба и почит, во интерес на информирањето на граѓаните.

-Тие како и сите останати службеници од централната и локалната власт не смеат да се ставаат во улога на рецензенти во искажаните зборови на новинарите зошто на тој начин се прави притисок во известувањето и се оневозможува професионалното работење. Доколку било кој службеник има забелешки за работата на новинарите на располагање ги имаат само регулативните механизми каде може да достават претставка до Советот на честа при ЗНМ или Советот за етика на медиумите во Македонија. Истовремено укажуваме и на новинарите дела доколку сериозно им се попречува работата или пак се предмет на физички напад, случајот веднаш да го пријават во ЗНМ и во Министерството за внатрешни работи со цел да следат соодветни постапки за утврдување на одговорност. Потсетуваме дека загрозување на сигурноста на медиумските работници во професионално вршење на новинарска дејност со последните измени од законот претставуваат кривично дело, се наведува во реакцијата на ЗНМ.

znm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен