Автобусот кој се запали кај Стража сообраќал на релација Скопје – Охрид

Од:

Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје – Охрид. Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално.

-Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник, информираат од ЦУК.

Во тек е увид од екипа на МВР.

Претходно, од Мнистерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, се запалил автобус кој се движел кон Кичево, а случајот бил пријавен во 11:20 часот во СВР Тетово.

-На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица, наведоа од МВР.

Би можело да ве интересира

45-годишна штипјанка со пластичен пиштол ограбила книжарница

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Драма во Тетово: Девојка сакала да скокне од прозорец, приведен маж кој бил со неа за посредување во проституција

Катерина Ѓуровски

Несреќа кај „Белви“: еден повреден пренесен во болница, сообраќајот се пренасочува

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

Уапсен затворски полицаец, внесувал дрога во „Идризово“

Повреден 64-годишник, падна лим од ограда на градилиште