Македонскиот шампион Вардар вечерва во СРЦ Кале во Скопје го совлада Партизан од Белград со 33:26. За „црвено-црните“ ова беше прв триумф во новата сезона од регионалната СЕХА лига.
Вардарци во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и не дозволија гостите од Србија да ја доведат во прашање првата победа. Партизан најмногу што направи е доближувањето на три голови негатива 15:18 во 35.минута.
Овој дуел беше „генералка“ за премиерниот натпревар на македонскиот првак во елитната Лига на шампиони по седум дена кога во Скопје ќе гостува шпанскиот великан Барселона.
По некомплетното 2. коло во СЕХА лигата на чело на табелата се двата македонски претставника Вардар и Металург со по една победа и еден нерешен резултат.