Најмалку 63 лица загинаа во пожар во зграда што утринава избувна во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе. Повредени се уште 40 лица.
VIDEO: Aftermath of the building fire in Johannesburg, South Africa which killed at least 20 people and injured more than 40 others.
pic.twitter.com/kxcOmharUA— Dredre babb (@DredreBabb) August 31, 2023
Пожарот избувна рано утринава по локално време. Властите во Јоханесбург велат дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во големата четирикатница во центарот на градот. Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави за Би-Би-Си дека пожарникарите успеале да извлечат некои луѓе од зградата.
Тој рече дека пожарот ја уништил зградата и дека потрагата по други жртви продолжува.
Внатре во четирикатната зграда се наоѓала неформална станбена заедница, додаде тој.
„Според тоа, во зградата има многу надградби. Има многу шут што треба да ги отстраниме“, рече тој.
Според неофицијални информации, во зградата најмногу живееле имигранти.