Познатиот македонски карикатурист Мирослав Георгиевски – Миро ја реализираше својата изложба на карикатури во Кичево на која претстави некои од своите најпознати и најинтересни дела.
„Во Кичево никој досега нема отворено изложба на карикатури и сега јас сум изненаден од заинтересираноста на луѓето за карикатурата. Кај нас не е многу познат овој вид уметност, бидејќи и држава не ги помага и не ги поддржува уметниците за тоа да се развие. Пред да дојдам овде јас сум бил и во 3-4 други градови низ Македонија.
– Моите карикатури им се допаѓаат на луѓето и на Интернет-страницата тие имаат над милион и осумстотини илјади посетители. Со моите карикатури сум присутен речици низ целиот Балкан и сум член од скопската Галерија на карикатуристи“, вели авторот.
Во врска со темите со кои Миро се претстави пред обожавателите на уметноста и на карикатурите во Кичево, тој додаде:
„Овде изложив повеќе слободни теми. Повеќе хумористични, еротски и други слободни теми и малку политички, но многу малку, за луѓето да избегаат од секојдневната политика и да се забавуваат со моите дела“.
Fatlume Dervishi