Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија

Од:

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.

– До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан.

Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата.

Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Заедничка литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан

Катерина Ѓуровски

Архиепископот Стефан го најави заедничкото сослужение со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Катерина Ѓуровски

Архиепископот не ја коментира средбата во Истанбул: Прашајте го Пендаровски која е пораката од разговорот со Вартоломеј

Жарко Настоски

Архиепископот Стефан: Пандемијата ни докажа колку човекот е немоќен, луѓето заборавија да веруваат во Бога и да ги љубат ближните

Жарко Настоски

Божиќно послание на г.г. Стефан: Денес сè помалку има човечност, а сè повеќе нетрпеливост и неразбирање меѓу луѓето и народите

Предраг Петровиќ

Г.Г. Стефан: Испратена покана до БПЦ за 1.000-годишнината од Охридската архиепископија

Наум Локоски