(ВИДЕО) Странски државјанки, дрога и неевидентиран промет: Полицијата и инспекциите влегоа во охридски ноќен клуб

Од:

Полицијата, Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат ноќта меѓу сабота и недела влегле во угостителски објект во Охрид при што затеканле серија прекршоци.

– При контролата кај едно лице е пронајдена марихуана, а затекнати се и 17 странски државјанки од кои четири престојувале спротивно на законите во државата (две од Русија со пречекорен престој, една од Србија со пречекорен престој и една државјанка на Србија со активна забрана за влез во државата). Лицата се приведени и надлежен судија во Основен суд Охрид изрекол парични казни и мерка протерување. Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки и утврден е вишок од 80.000 денари, пари кои не биле евидентирани, за што ќе следуваат соодветни санкции. Од страна на Државниот инспекторат за труд затекнато е лице кое извршувало работни активности, а не било пријавено, за што ќе следува соодветна пријава. Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирано е кршење на забраната за пушење во угостителскиот објект, за што се изречени соодветни санкции, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Полицијата го пронајде беживотното тело на исчезнатиот скопјанец во водите на Охридското Езеро

Уапсен дилер баран со потерница, две години бил во бегство

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР